Атанасијевиќ: Убаво е да се игра пред 15.000 гледачи, сега фокусот ни е на Португалија

Македонија загуби очекувано со 34-22 во првото коло од селекцијата на Данска, иако имаше кратки добри интервали во играта.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека убаво е чувството да се игра пред 15.000 гледачи, но фокусот е сега на Португалија.

„Мора да сфатиме дека Данска е олимписки и светски првак со причина. Дадовме наш максимум, беа подобри од нас во транзиција, но мислам дека имаме уште многу за играње пред себе. Убаво е да се игра пред полна сала, 15.000 гледачи, сите имавме шанса од селекторот, сите дадовме се од себе. Сега фокусот ни е со Португалија. Мора да имаме фокус 200% за да одиме во главната рунда“, изјави Атанасијевиќ.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Португалија в недела од 18:00 часот.

Данска е од друга планета: Македонија со пораз го отвори ЕП