На денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Шампион од елиминациското коло од Купот на Македонија извондредна партија имаше крилото Петар Атанасијевиќ.
Македонскиот репрезентативец во мрежата на скопјани постигна 32 гола и за само еден гол не го сруши рекордот во македонскиот ракомет.
Како што е познато, рекордот на најмногу голови постигнати на еден меч го има дама.
Станува збор за поранешната репрезентативка Матилда Атанасоска, која во дресот на Кале Кичево на дуел со Тутунски Комбинат Бренд постигна неверојатни 33 гола.
Тимот од Кичево го доби овој натпревар со исто така неверојатни 54 голови разлика, 64-10.
Во оваа сезона од прволигашката конкуренција, ракометарот на Драчево, Филип Дабевски, на натпреварот против Борец имаше 26 реализации, додека 22 гола постигна и Дамјан Наумовски од Јехона на прволигашки натпревар.
Рекордери по број на постигнати голови на еден натпревар:
- Матилда Атанасоска (Кале Кичево) – 33 гола
- Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – 32 гола
- Златко Димитровски (ВВ Тиквеш) – 31 гол
- Филип Дабески (Драчево) – 26 гола
- Игор Павловски (Металург) – 22 гола
Дамјан Наумовски (Јехона) – 22 гола - Марко Божиновски (Бутел Скопје) – 21 гол
Никола Костески (Металург) – 21 гол