Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува последниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите.
Пелистерци гостуваат кај норвешкиот првак Колстад, а левиот бек вели дека двете екипи ќе пружат добар натпревар растоварени од секаков притисок.
„Колштад е добар тим, составен од многу врвни играчи меѓу најдобрите во светот. Напорно тренираме и мислам дека ќе бидеме подготвени за тоа што нè очекува. Таму ќе тренираме уште еднаш. Веруваме дека ќе се покажеме во подобро светло за разлика од првиот натпревар што го одигравме со овој противник во Битола. Тоа беше прв наш натпревар. Двете екипи сме елиминирани и затоа мислам дека ќе одиграме возбудлив натпревар, а ние секако дека ќе до дадеме максимумот“, вели Атанасијевиќ.
Тој добива повеќе дефанзивни задачи во тимот.
„Тренерот ми дава поголема минутажа во одбраната што секако дека треба да ја оправдам. Секој играч си ја гледа својата работа, си има свои задачи и тие треба успешно да ги одработиме“, изјави Атанасијевиќ.
Натпреварот меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 18:45 часот.