Тимот на Текстилец ја забележа втората сезонска победа во Првата лига, откако славеше на домашен терен против Астраион со 31-25.
Струмичките ракометари диктираа резултат во првиот дел, водеа во повеќе наврати со два до три гола, но штипјани се вратија во егал до паузата, 13-13.
Во вториот дел домашните поведоа со 15-13, и до крајот не ја испуштија предноста. Астраион парираше, намали на минус еден во продолжение, но во финишот немаше сили за некаков камбек и Текстилец рутински ги потврди новите три бода.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Филип Џинес со седум и Дарио Јорданов со пет погодоци, додека кај Астраион се истакнаа Кире Георгиев со шест и Васе Наков со пет гола.