Астибо се пофали со две нови имиња

Екипата на Астибо за преостанатиот дел од тековната сезона ангажираше уште две нови засилувања.

Станува збор за голманката Ана Марија Горковска и крилото Елена Димова, двете ракометарки доаѓаат од Гевгелија.

Клубот од Штип претходно се засили со Благица Ступар, која во редовите на Астибо, исто така, пристигнува од Гевгелија, па така тренерот Величков ќе има поголем ростер на располагање.

Астибо во оваа сезона избори пласман во плеј-оф фазата и на два одиграни натпревари беше убедливо поразен.

Главната цел на Астибо ќе биде подобро претставување на останатите натпревари и секоја млада ракометарка да стекне поголемо искуство со играње против посилни екипи.