Астибо парираше едно полувреме, Ѓорче Петров победнички се враќа од Штип

Актуелниот македонски шампион Ѓорче Петров забележа 12 победа во 12 натпревари од Женската лига, откако славеше кај Астибо со 42:22.

Штипјанки му пружија голем отпор на шампионот во првото полувреме, најчесто се играше гол за гол, а избраничките на Дејан Величков, имаа и водство во неколку наврати.

Сепак во финишот на полувремето Астибо направи неколку грешки во серија и Ѓорче Петров со серија од три гола се одлепи на 19-15, резултат со кој се замина на пауза.

Ракометарките на Симовски одиграа според посакуваното во вториот дел и многу бргу стигнаа до голема позитива.

Најефикасна во победничкиот тим беше Емилијана Ризоска со десет погодоци, четири помалку постигна Ана Марија Коларовска.

Кај Астибо стандардно листата на срелци беше предводена од искусната Марија Анчева со 12 погодоци

Во последното коло Ѓорче Петров игра на домашен терен дерби против Вардар, додека Астибо ќе му гостува на Чаир.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080