Астибо носи лев бек од Ангола?

Штипскиот тим Астибо минатата сезона го оствари најголемиот успех во клупската историја и се пласираше во плеј-офот од Женската лига.

Tимот предводен од Дејан Величков оваа сезона се засили со неколку домашни ракометарки, а на добар пат е да донесе интернационалки од Ангола.

Меѓу најавените засилувања за Астибо е поранешната младинска репрезентативка на Ангола, Жанет Вероника Хомба.

Левиот бек има 22 години, настапуваше за најтрофејниот тим од Ангола, Премиеро Де Аугусто, но допрва штипскиот клуб треба да го потврди овој трансфер.

Претходно штипјанки се засилија со Клементина Ѓурческа, Мила Филипова, Марија Бојковска, Ангела Петровска, Кристина Младеновска Кузмановска, Хани Чобанова, а договорите ги продолжија Марија Анчева и Елена Димова.

Во првото коло, Астибо на домашен терен ќе се сретне со Спартак.