Астибо на шопинг во Свети Николе – ги донесе Манева и Вучевска

Тимот на Астибо започна со формирањето на играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона во Женската лига.

Првите засилувања за штипскиот тим доаѓаат од големиот ривал – Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе.

Станува збор за Наталија Манева, која ги покрива сите бековски позиции и Елена Вучевска, која е кружен напаѓач, но и одличен дефанзивец.

Астибо го има и најдобриот стрелец во Женската лига, Марија Анчева, па очекува подобар пласман од минатата сезона.