Астибо ја донесе кадетската репрезентативка Сентовска

Тимот на Астибо од Штип активно работи на формирањето на играчкиот ростер за новата сезона во Женската лига.

Најново засилување за штипскиот тим е десното крило Анастастија Сентовска, која доаѓа од составот на Овче Поле Славјански Универзитет.

Кадетската репрезентативка е третото засилување за Астибо кое доаѓа од тимот од Свети Николе по Наталија Манева и Елена Вучевска.

Во Астибо останува и најдобриот стрелец во Женската лига, Марија Анчева, па стратегот Дејан Величков, ќе има солиден ростер на располагање.