Тимот на Астибо направи голем чекор кон опстанок во Супер женската лига, откако славеше над Пелистер со убедливи 29-17.
Откако штипјанки поведоа со 7-1 по десетина минути игра, јасно беше каков натпревар ќе се игра до крајот.
Иако гостинките почнаа да погодуваат во мрежата на Астибо, сепак предноста на домаќинките во ниту еден момент не беше загрозена, иако и тие имаа мали падови во играта.
Кај Астибо се истакнаа Мутемека со осум гола, како и Анчева со седум и Ксавиер со шест погодоци. Во составот на Пелистер се истакна Тодоровска со 12 гола.
Сега штипскиот тим има девет бода на шестото место, Спартак е седми со осум бодови, додека битолчанки останаа последни со четири бодови.

























