Арсениевска најдобра, прекината серијата победи на Кошалин

Тимот на Кошалин, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Арсениевска, загуби од Пјотрковија со 32-21.

Во натпреварот од 8 коло на полскиот шампион, Кошалин на Арсениевска и на полувремето имаше висока негатива, 16-9.

Македонската репрезентативка беше најдобар стрелец во нејзиниот тим заедно со Наумчик и двете постигнаа по четири голови.

Арсениевска и Кошалин, кој беше во серија од три победи пред Пјотрковија, во следното коло ќе се сретнат дома со Гњиезно.