Тимот на Кошалин, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Арсениевска, имаше победнички старт во 2026 година.
Кошалин славеше на гостински терен кај Старт Елблаг со 26-22, откако и по првиот дел имаше предност од четири гола, 13-9.
Арсениевска беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и постигна три гола во домашната мрежа.
Кошалин сега има 18 бодови на седмото место на табелата во полскиот шампионат, а во следното коло ќе има македонски двобој со Рух Калиш на Јована Кипријановска.

























