Селекторот на Бразил, Криштиано Роча, го одреди составот на женската репрезентација пред стартот на Олимписките игри.
Во изборот на Роча има 17 ракометарки, меѓу кои ќе бидат и трите резерви за Париз, а таму е светската шампионка од 2013 година, Барбара Аренхарт.
Голот на Бразил ќе го чуваат Рената Аруда и Габриела Моречи, која имаше одлична сезона во Лигата на шампионите во дресот на Битигхајм.
Бразилките ги очекуваат уште две контролни средби пред настапот на ОИ на гости кај Словенија и Германија.
Тие се најдоа во групата Б, заедно со домаќинот Франција, како и со селекциите на Унгарија, Холандија, Шпанија и Ангола.