Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер гостува во „Блауграна“ кај големата Барса, а тој меч им е доверен на „рибари“.
Станува збор за Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон, додека делегат ќе биде Словенецот Леополд Калин.
Натпреварот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер ќе се игра вечерва во „Блауграна“ со почеток од 20:45 часот.
Македонскиот првак нема шанси за прогрес, а Барса е во битка со Магдебург за првата позиција на табелата и мора да слави за да не чека вести од Париз, каде европскиот првак игра со ПСЖ.
























