Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува во Плоцк кај полскиот шампион Висла, кој пред два дена го доби дуелот со Келце.
Битолчани ќе имаат арбитража од босанските близнаци Амар и Дино Коњичанин, додека делегат ќе биде Николае Визитиу од Молдавија.
Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Орлен Арена“ со почеток во 20:45 часот.