Македонскиот интернационалец Мартин Поповски е херојот на швајцарскиот Сур Арау, бидејќи беше заслужен за бодот на последната средба од тамошниот шампионат.
Поповски беше стрелец на голот што беше вреден бод на мечот против Сент Гален за 29-29 на дваесетина секунди до крајот.
Домашните имаа шанса и за победа, но екс членот на Металург, Маријан Мариќ, го промаши последниот шут.
Македонецот Поповски беше втор стрелец со четири гола од четири обиди, а следен предизвик за Арау ќе биде натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп против Татабања.
























