Aпсолутна хероина – Хени Реистад е МВП и најдобар стрелец на СП!

ИХФ го објави Ол-стар тимот на Светското првенство, во кој доминираат финалистите Норвешка и Германија, а апсолутна хероина на турнирот повторно беше Хени Реистад.

Норвешката суперѕвезда по вторпат по ред е прогласена за МВП на Светско првенство, а покрај тоа ја понесе и титулата најдобар стрелец со 55 погодоци. Реистад уште еднаш ја потврди својата улога како најдобра ракометарка на денешницата.

Посебен момент беше изборот на легендарната Катрине Лунде во Ол-стар тимот, што е нејзино второ вакво признание во кариерата и симболично крунисување на нејзиниот последен настап на планетарните собири.

Германија имаше две ракометарки меѓу најдобрите, Франција и Холандија по една, додека Бразил доби заслужено признание преку Бруна де Паула, иако не стигна до полуфиналето.

Шампионатот во целина понуди врвен ракомет, а Ол-стар тимот е јасен показател за индивидуалниот квалитет и доминацијата на европските селекции.

Ол-стар тим на СП 2025:

Голман: Катрине Лунде (Норвешка)
Десно крило: Емили Ховден (Норвешка)
Десен бек: Дионе Хушер (Холандија)
Среден бек: Бруна де Паула Алмеида (Бразил)
Лев бек: Емили Фогел (Германија)
Лево крило: Антје Дол (Германија)
Пивот: Сара Буктит (Франција)
Најдобра млада ракометарка: Виола Лојхтер (Германија)
МВП: Хени Реистад (Норвешка)
Најдобар стрелец: Хени Реистад (Норвешка) – 55 голови

Норвежанките се нови светски кралици – освоија петто мундијалско злато!