Аполда му верува на Тоскоски – соработката продолжува и наредната сезона

Некогашниот голман на битолски Пелистер, Игор Тоскоски, и наредната сезона ќе биде тренер на германскиот тим Аполда.

Тој минатото лето ја заврши богатата играчка кариера, беше дел од стручниот штаб, а од оваа сезона се посвети само на тренерската кариера.

Раководството на клубот беше задоволно од премиерната сезона со Тоскоски како прв тренер и реши да му продолжи нова соработка.

Аполда е мала македонска колонија. Таму своевремено играа крилата Игор Илиевски и Васил Митевски, во моментов игра Пеце Ѓорѓиески, а од лето доаѓаат бековите Христијан Милошески и Дејан Гошевски.

Нема да биде изненадување ако уште најмалку еден македонски ракометар се пресели во Аполда.