Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Тренерот Бранко Ангеловски прозиваше, а на првиот тренинг во „Боро Чурлевски“ беа присутни сите ракометари, освен Нејц Цехте.
Тој е единствениот ракометар на македонскиот првак што ќе игра на Олимписките игри во Париз, па на подготовките ќе се приклучи кон средината на август.
Пелистерци ќе тренираат во Битола и на Златибор, а потоа ќе настапат на турнирите во Струга и во Добој, каде ќе имаат силни проверки.
Шампионот се раздели со Кизиќ, Лесјак, Гедбан, Василев, Пиеховски, Сери и Танкоски, а досега се засили со Цикатиќ, Абутовиќ, Хосни, Митревски и Ивиќ.