Ангеловски пред дербито на колото: Ја имаме насоката како треба да играме против Охрид

Откако Еурофарм Пелистер го освои првиот бод сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Спортинг, за битолчани веројатно доаѓ период во кој тимскиот дух и атмосфера се на уште повисоко ниво. Во домашното првенство им претстојат неколку важни средби, а една од нив е мечот со тимот на амбициосниот Охрид закажан за во недела.

Гостите доаѓаат како еден од двата тима без пораз после 6 одиграни натпревари во првенството на Македонија. Средбата е закажана за в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола од 18 часот. За двата тима средбата има големо значење. За домаќините да се вратат на врвот, а за гостите секој бод значи и останување во трката за висок пласман, па дури и мешање во борбата за титулата.

Охрид ја има најдобрата одбрана досега во првенството со само 122 примени голови, и најдобрата гол разлика (+76). Еурофарм Пелистер пак е втор најпрецизен тим во првенството (постигнати 199 гола) и ја има втората најдобра одбрана (само 138 примени голови).

„Се уште не се средени впечатоците од натпреварот кој го одигравме со екипата на Спортинг Лисабон, а веќе во недела не очекува значаен натпревар од домашното првенство против екипата на Охрид во Битола. Ни доаѓа екипа со досега 6 победи, но ние ќе дадеме се од себе и на овај натпревар да забележиме победа. Натпреварот кој добро го одигравме против Спортинг треба да биде насока како да играме на секој следен натпревар, како и во домашното првенство така и во Лига на шампиони, вели Бранислав Ангеловски, тренерот на битолскиот тим.

Во последните две сезони екипите на Еурофарм Пелистер и на Охрид играле петпати на официјални средби во Првенствот и Купот, и на сите победиле домашните ракометари. Лани во Битола триумфираше Еурофарм Пелистер со 31-27, и тоа со пресврт во последната четвртина од натпреварот во корист на битолчани.

Сезонава Охриѓани се засилија со повеќе квалитетни ракометари, а тимот на Еурофарм Пелистер ја подига формата во играта. Осоколени после добрата партија во средата, имаат нов мотив за докажување.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186