Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен беше поразен од европскиот вицепрвак Келце со 24:21.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер по лошото прво полувреме одиграа одлично во вториот дел, во кој до самиот финиш беа во игра барем за бод, односно реми.
Тренерот на битолскиот тим Бранислав Ангеловски ги сподели своите впечатоци по загубената битка со избраниците на Талант Душебаев.
,,Лошо влеговме во натпреварот, влеговме со преголем респект кон Келце, екипата на Келце го заслужува респектот, можевме подобро секако, во клучни моменти не одигравме трпеливо, мислам дека младоста што ја имаме кај играчите доаѓа до немањето на искуство, кое доведе до некои технички грешки, екипата на Келце многу добро знаеше тоа да го искористи, сакав да ги изненадиме со 7 на 6, се обидов, добро излезе тоа, но сепак подобриот победи. Ваквата варијанта ја трениравме подолго време, но не ја одигравме на минатите дуели, тие беа новитетите, гледав нешто да одиграме што не беше одиграно на последните два дуели, со Загреб и Вардар, затоа што овие се екипи кои што знаат многу тактички да се подготват и знаев дека се подготввуаат. Сметам дека на оваа екипа треба да и се даде време. Победата со Вардар многу тешко ја примивме сите и после тој меч ни недостасуваше малку енергија, знаете дека само дерби утакмици можат да направат голем клуб, големи играчи…Имаме уште доста за играње, времето ќе покаже, јас и до кога да бидам тренер ќе го дадам максимумот и ќе работам посветено како да бидам овде десет години”, изјави Ангеловски.
Еурофарм Пелистер следниот дуел во европската елита ќе го одигра на 16 ноември во Унгарија кај ПИК Сегед.
Еурофарм Пелистер храбро се бореше до крај, но Келце ги однесе бодовите