По трофејот освоен во Струга, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се обидат да освојат уште еден, овојпат во турскиот град Болу.
Таму се играат натпреварите од „Купот на пријателството“, а соперник на пелистерци ќе биде најтрофејниот руски клуб, Чеховски Медведи.
„За нас е одлично да учествуваме на ваков турнир ова време од годината. Ние се подготвуваме за новата сезона и ни треба турнир од вакво ниво на организација и квалитет. Натпревари со силни ривал и подготовки за домашниот шампионат и за Лигата на шампионите – тоа ни е целта овој месец. Тоа ќе ни помогне од многу аспекти. Нивото на турнирот и квалитетот на ракометот се многу високи и Еурофарм Пелистер е горд што е дел од лигата. Нашите идни цели во блиска иднина – да учествуваме и победуваме во сите натпреварувања“, вели Ангеловски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Чеховски Медведи се игра денеска со почеток од 15:00 часот.