Формата на Еурофарм Пелистер оди во нагорна линија, и за неколку дена тимот освои важни бодови на два натпревари. По оној во лига на шампионите, против Спортинг, кога играше нерешено, сега на дербито против Охрид во домашното првенство, битолчани триумфираа со 25-22 (14-9).
Со триумфот Еурофарм Пелистер се врати меѓу четирите екипи кои се сами на врвот на табелата, и е на делба на второто место со 12 бода, исто колку и Охрид и Вардар.
За десет минути битолскиот тим од 13 до 23 минута направи серија од 5-0 со која поведе 9-4, ставајќи му на знаење на гостинот дека бодовите ќе останат дома. Н аполувреме имаше позитива од 14-9, а во второто полувреме имаше неколкупати предност од седум гола.
„Има огромен напредок во екипата, и тоа ме радува и мене и целиот клуб. Тоа го даваат момците кои условно се млади и гинат за клубот. Драго ми е што денеска голем дел од мечот тие денеска го понесоа на плеќи. Се надевам ќе бидеме уште посериозен ривал за било кој во Европа. Денеска морам да ја издвојам одбраната која прими малку голови само 4 гола за 20 минути, вели Бранислав Ангеловски.
Сега за Еурофарм Пелистер претстои нов меч од Лигата на шампионите, а потоа уште едно дерби, во Автокоманда.
Манасков: Реми и победа на два тешки меча – тоа е добро, но мора да продолжиме во ист стил