Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер и Пролет, кој одамна живее во Германија, Стевче Ангелковски, го однесе неговиот тим ранг погоре.
По завршувањето на играчката кариера, Ангелковски го презема вториот тим на Алфелд и оваа сезона успеа да го однесе ранг погоре во регионалната конкуренција во Германија.
Алфелд во регионалната лига на Хановер заврши на втората позиција со учинок од 15 победи, две реми средби и пет порази.
Плејмејкерот, кој сега гради тренерска кариера, потекнува од школата на Пелистер, во Македонија кратко време го носеше дресот на Пролет, додека на интернационална сцена беше член на екипите на Ботфелд и Ајнтрахт Хилдесхајм.