Ракометарите на Прилеп на свој терен беа поразени од Вардар со 35:22 во натпревар од 4. коло од Супер лигата.
Прилепчани уште од стартот беа во негатива и никако не можеа да фатат ритам, но сепак, во дел од натпреварот покажаа одредени квалитети.
Голманот на Прилеп, Иван Ангелески, даде свој коментар по поразот од „црвено-црниот“ тим .
,,Честитки за Вардар на убедливата победа, сепак, тие се поранешен двократен европски првак и имаат голем квалитет. Ние го дадовме својот максимум, но мислам дека квалитетот на Вардар, неготово искуство и ротацијата беа пресудни за убедливата победа. Ние остануваме фокусирани за следните дуели, треба да го заборавиме овој пораз и да се поготвуваме за гостувањето во Скопје кај Мулти Есенс”, изјави Ангелески.
Прилеп во досегашниот тек успеа да обезбеди две победи, против Бутел Скопје и Вардар Неготино.