Ангела Шехтанска потпиша нов договор со Куманово

Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.

Средниот бек Ангела Шехтанска се обврза на нова соработка и за следната сезона, па ќе биде важна алка во тимот на Славиша Димитријески.

Претходно Куманово ги обнови договорите со Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.

Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров.