Македонската репрезентативка Ангела Јанкулоска и чешкиот тим Славија Прага го освоија среброто во чешкиот шампионат.
Славија Прага во два меча беше поразена во финалната серија од плеј-офот од Бањик Мост, кој ја продолжи доминацијата.
По поразот на првиот дуел со 34-23, на втората средба во Прага, Мост славеше со 37-34, а Јанкуловска даде два гола.
Пет гола за Славија Прага запиша Јана Кнедликова, за која ова беше последен меч во кариерата.