Ангажираа трет тренер за пет месеци

Тимот на Црвена Ѕвезда оваа сезона ќе има трет тренер, иако поминаа само пет месеци откако стартуваа подготовките и се одигра првиот дел од српскиот шампионат.

Стартуваше Марко Кривокапиќ, кој имаше еден обид за заминување, но се премисли. Сепак по неколку кола пак го „активираше“ планот и си отиде, а кормилото го презема Ненад Пуљезевиќ.

Тој ги тренираше голманите во Црвена Ѕвезда, а потоа го предводеше тимот на три меча, но немаше сјајни резултати, па доаѓа трет тренер.

Според пишувањата на „Моцарт Спорт“, тоа ќе биде поранешниот играч на Црвена Ѕвезда и Партизан, Владица Стојановиќ.

По 13 одиграни кола од српскиот шампионат, клубот е на седмото место на табелата, но останува во трка за плеј-офот.

Стојановиќ имаше богата играчка кариера, а тренерската ја почна во Југовиќ, беше и на клупата на Уб, а сега ќе има голем предизвик.