Легендарната Андријана Будимир од ова лето ќе има нов тренерски предизвик во кариерата и се враќа во татковината.
Будимир е назначена за тренер на женската екипа на Војводина, која по кратка пауза се врати во српската елитна конкуренција.
Некогашниот лев бек на Кометал Ѓорче Петров, Шлагелсе, Подравка, Валенсија…која освои две титули во Лигата на шампионите за првпат ќе работи надвор од Македонија.
Таа ја започна тренерската кариера во Академијата на Вардар, а потоа ги водеше машките и женските тимови на Скопје, како сениорските, така и во младинските категории.
Во Војводина игра македонската репрезентативка Пена Граматова, која ќе има можност да соработува со Будимир.