Андреј Петковски во ТОП 3 голмани во Полска

Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски има одличен старт во полскиот шампионат оваа сезона.

Голманот на Азоти Пулави по седум одиграни кола се наоѓа во ТОП 3 голмани во силната лига каде што го има првиот интернационален предизвик.

Петковски досега на шест меча (Азоти има натпревар помалку), има 47 одбрани што е доволно за третото место меѓу голманите по бројот на одбрани.

Лидер е Матеуш Зембрицки oд Вибжеже Гдањск со 76 одбрани, додека на делба на второто место се Пјотр Вишомирски од Калиш и Бекир Чордалија со 48 одбрани.