По одличната партија на мечот со Стал Миелец, македонскиот голман Андреј Петковски е во конкуренција за МВП на колото во полскиот шампионат.
Во премиерното коло, неговиот Азоти Пулави славеше против Стал Миелец по изведување на пенали со резултат 29:28 (25:25 во регуларниот дел).
Главниот херој на средбата беше токму Петковски, кој со неверојатни 14 одбрани и 47% успешност сосема заслужено ја понесе титулата МВП на натпреварот.
Сега е во конкуренција за МВП на колото, а противници му се Миколај Чаплински и Матеуш Зембрички од тимот на Вибжеже Гдањск.
За Петковски може да гласате во апликацијата на полската лига, најдоцна до утре во 15:00 часот.