Македонскиот интернационалец Андреј Петковски продолжува со одличните партии во полскиот шампионат и во пролетниот дел од сезоната.
Тој беше еден од најдобрите во тимот на Пулави, кој загуби на гостински терен кај составот на Островиец Виекополски со 38-23.
Македонскиот чувар на мрежата запиша 14 интервенции, меѓу кои два седмереци, а постигна и еден погодок.
Пулави останува на десет освоени бодови досега, а во следниот натпревар ќе игра дома со Хробри Глогов.

























