Андреа Лекиќ има нова функција во српската репрезентација

Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија ја избра Андреа Лекиќ за генерален менаџер на сите женски репрезентативни селекции.

Некогашната ракометарка на Вардар, Ѓер, Крим, ЧСМ Букурешт, Будуќност, Ференцварош…по завршувањето на играчката кариера ќе остане во ракометот.

„Започнува една нова приказна во мојата кариера и многу сум среќна што тоа ќе биде во српскиот ракомет. Свесна сум за тежината и одговорноста на оваа функција, но подготвена сум од првиот ден целосно да и се посветам,“ изјави Лекиќ.

Прв предизвик за Србија ќе биде стартот на квалификациите за ЕП 2026, а потоа и настапот на Мундијалот во Германија и Холандија.