Андоновски првпат води женски тим – запиша и прва победа

Македонскиот стручњак Горан Андоновски ја оствари својата прва победа како тренер на женска екипа.

Како што е познато, искусниот Андоновски пред извесен период ја презеде клупата на косовската Самадреџа.

Во натпревар од 12. коло од косовскиот шампионат, тимот на Андоновски убедливо славеше во дербито против Кастриоти со 44:28.

Тој во Самадреџа пристигна од машкиот тим на Раховац, каде што оствари одлични резултати на домашната и европската сцена.

Во Македонија со успех ги водеше Охрид и Тиквеш по повеќе наврати, а своето прво искуство надвор од татковината го имаше токму во Раховец.