Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски има одличен старт на првиот предизвик во интернационалната кариера.
Тој одново беше најдобар стрелец во неговиот тим, овојпат на дуелот против Албатро Сиракуза од 18 коло во италијанскиот шампионат.
Трст загуби со 27-18, а македонскиот интернационалец успеа да постигне шест погодоци во мрежата на противничкиот тим.
Тимот на Андоновски се наоѓа на 11 позиција на табелата во опасната зона, а во следното коло ќе игра дома со Касано.