Андоновски и Самадреџа со сребро ја завршија сезоната во Косово

Тимот на Самадреџа, кој е предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, ја заврши сезоната во косовскиот шампионат на второто место.

Самадреџа беше поразена од шампионот Истогу со 28-25, па гостинките ја добија финалната серија со 2-0 и ја слават титулата.

Тимот на Горан Андоновски, кој ги има Бојана Радевска и Аниса Сали во ростерот, фуриозно стартуваше и имаше предност со 10-6, но во финишот Истогу успеа да се врати во егал.

Најпрво израмни на 21-21, а до крајот поискусниот тим успеа да ја преземе контролата и да оствари втора победа во финалната серија.

Андоновски ја препороди Самадреџа по неговото доаѓање во клубот, успеа да ја однесе на Ф4 во Купот на Косово и до сребро во шампионатот.