Тимот на Раховец, кој е предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, ја продолжи серијата без пораз во косовскиот шампионат.
Во натпревар од 9. коло, Раховец за ривал ја имаше екипата на Вуштрија и повторно успеа да победи убедливо, триумфираше со 48:32.
Кај победничката екипа во листата на стрелци се запиша кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, кој постигна два гола, додека екс вардарецот Виктор Алонсо Гарсија беше меѓу најдобрите на теренот.
За Раховец ова беше 8-ми триумф во низа и со новите два бода се задржа на водечката позиција на табелата.
Раховец овој викенд го очекува голем предизвик, ќе се бори за пласман во осминафиналето во Европскиот Куп.
Најпрво клубот на Андоновски на 23 ноември пред својата публика ќе го одигра првиот меч со романската Баја Маре, додека реваншот е закажан за 30 ноември во Романија.