Aндоновски и Раховец со голем успех – обезбедија трето коло во Европа

Македонскиот стратег Горан Андоновски заедно со косовскиот Раховец постигнаа голем успех на европска сцена.

Раховец ќе игра во третото коло од Европскиот Куп, откако успеа да го елиминира белгискиот првак Бохолт продолжувајќи ја европската авантура.

Клубот на Андоновски на првиот натпревар, кој беше одигран во Белгија загуби со 32:29, додека на реваншот во Раховец одигра според планираното и триумфираше со дури 12 гола разлика, 37:25.

На реванш натпреварот, два гола за Раховец постигна кружниот напаѓач од Македонија, Стефан Атанасовски, а меѓу најефикасните беше Виктор Алонсо Гарсија, кој дел од својата кариера ја мина во редовите на Вардар.

Сега Андоновски и Раховец се враќаат на обврските во косовскиот шампионат и во среда, во рамки од 6. коло ќе играат против Вјоса, тим во кој настапуваат неколку интернационалци од Македонија.