Шампионот на Косово, Раховеци, предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, продолжува да бележи одлични резултати.
По триумфот во Супер Куп натпреварот против Кастриоти, Раховеци славеше и во првото коло од косовскиот шампионат.
Тимот на Андоновски триумфираше кај повеќекратниот шампион и голем ривал, Беса Пеќ со 34-31.
Ова е одличен старт за Андоновски во тимот на Раховеци, кој освен на домашна, ќе биде активен и на меѓународна сцена.