Екипата на Порто со подобрата игра во вториот дел успеа да триумфира над Вардар со 26:22 (10:12) во натпревар од 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа.
За португалскиот тим, кој претходно ремизираше со Валур, а во првото коло загуби од Мелсунген, ова беше прва победа во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Тренерот на Порто, Магнус Андерсон, по добиената битка, односно освоените два бода, ги сподели своите импресии.
,,Навистина сум среќен за победата. Беше важна за нас, и бевме добри во одбраната. Игравме добро во одбрана, но малку лошо во напад, со некои технички грешки. Во втоиот дел игравме 7 на 6, и првпат сезонава игравме добро 7 на 6. Имавме и добар голман кој одбрани многу важни топки”, изјави тренерот на Порто.
Голманот на Порто, Диего Маркез, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, исто така, ги сподели своите импресии за освоената победа.
,,Со играта 7 на 6 успеавме да победиме. После ремито во Исланд сакавме да победиме тука. Сега мраме да проолжиме да играме добро и на следните натпревари”.