Анчева не можеше сама, Куманово се помачи за триумф против Астибо

Ракометарките на Куманово по поразот од шампионот Ѓорче Петров, ја запишаа првата победа во новата сезона во Супер женската лига.

Избраничките на Славиша Димитријески славеа против Астибо со 25-19, иако мораа добро да се испотат за бодовите.

Големи проблеми на кумановки им правеше Марија Анчева, која даде седум гола во првиот дел, кога Куманово имаше само плус три, 11-8.

Во второто полувреме штипјанки се вратија на минус еден, но нивниот отпор беше скршен во последните десетина минути.

Павлова со седум и Азеведо со шест гола беа најпрецизните кај Куманово, а стандардно Анчева со 11 гола беше предводничка на Астибо.