Анастасовски: Кадарни сме да ги оствариме целите на клубот

Едно од новите имиња во македонскиот вицепрвак Вардар е кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски, кој дојде од Тиквеш.

Анастасовски ќе формира трио на линијата од шест метри заедно со македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски и полскиот интернационалец Виктор Јанковски

„Чест и задоволство ми е што после седум сезони се враќам таму каде што почнав – во Вардар. Моите почетоци се врзани за Вардар. Сега ќе играме заедно со Милан Лазаревски на истата позиција и ќе му помогнеме на Вардар да ги оствари целите“, вели Анастовски.

Кружниот напаѓач кој играше во вториот тим на Вардар, потоа за Работнички и Охрид, па за фрацускиот Анже, косовскиот Кастриоти и Тиквеш, вели дека целта на клубот во новата сезона е двојната круна.

„Вардар е поквалитетен од минатата сезона. Од нас оваа сезона се очекува двојна круна и сметам дека сме кадарните сите заедно да ги оствариме желбите на клубот“, заврши Анастовски.

Вардар првиот пријателски меч ќе го игра против Бутел Скопје на 9 август во Пехчево, а потоа ќе настапи на турнирите во Охрид и Скопје.