АНАЛИЗА ЕП2024: Симе Симовски пред мечот Македонија – Турција

Мотивацијата како прв сегмент треба да биде на највисоко ниво. Верувам дека е така слушајки ги изјавите од девојките и стручниот штаб во изминатиов период - дека единствена цел и шанса е победа со Турција.

Како да играме со Турција?

Мотивацијата како прв сегмент треба да биде на највисоко ниво. Верувам дека е така слушајки ги изјавите од девојките и стручниот штаб во изминатиов период – дека единствена цел и шанса е победа со Турција.

Одбрана

Одбранбени две формации 6-0 каде 2-ка во одбраната би играла Сара Ристовска, бидејќи поголемата опасност доага од левата бековска страна, 3-ка и 4-ка голем акцент на нивните средни бекови со број 20 и 23 (Tугел и Сахин), особено Тугел која е упорна со нејзината игра еден на еден и предизвикува проблем во одбраната. Десната бековска позиција потрено е да играме поплитко бидејќи немаат класичен шутер од 9 метри, туку играч кој игра со десна рака, истиот да се носи кон средина и да правиме густина во одбраната и број 2 (Гедик) кој не е некоја голема закана за нашиот гол, бидејки тешко се решава за шут од надвор и не е добро технички спремна за да прави проблем. Одбранбена формација 5-1, една промена со Јанкуловска и Седлоска како предни играчи кои ќе го пореметат протокот на топка со чести прекини и освојување на просторот во длабочина.

Откако ова ќе се одработи имаме две брзи крила Сара и Јована кои што ќе истрчаат контра и останатите играчи со добра транзиција каде ќе има прв бран да се реализира, ако не дисциплиниран однапред договорен напад.

Исто така клучен сегмент за позитивен резултат е кога имаме играч повеќе каде мора да дадеме гол без кикс, бидејки не очекува изедначен меч.

Како да победиме?

Треба ротација на сите играчи за позитивен резултат (свежа крв), кога играме напад акцент на 3-ка и 4-ка кои не функционираат добро, се поклопуваат и од тука почнува блок на пикер и ситуација 4 на 3 или 3 на два основни ракометни полази.

Да постои широчина на напад и игра на број 99 (Демирчелен) која игра во два правци и на позиција во одбрана од 2-ка до 5-ка која игра скоро цел натпревар.

Анализа на два-три играчи по можност број 23, 20 или 9 (Тугел, Сахин и Чалискан) по избор на стручен штаб.

На што да се внимава?

Нивниот напад се состои од два три шаблони однапред договорени, од кој едниот успешно завршува до десно крило и често го работат. Тоа треба да се добро анализира и прекине.

Слаби страни на Турција

Тие во одбрана играат широка 6-0 зона, средината без договор и токму тоа треба да се искористи во наша корист.

Слаби страни на Македонија

Спор напад, пасивни, без игра еден на еден или два на два, со користење блокови од пивот.

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!