Репрезентативката на Босна и Херцеговина, Ана Вранчиќ, е пред камбек во македонскиот шампион Ѓорче Петров.
Десното крило минатата сезона беше меѓу најдобрите поединци во тимот на „лавиците“, а беше и МВП на Ф4 турнирот во Купот на Македонија во Радовиш.
Вранчиќ и раководството на Ѓорче Петров не се договорија за продолжување на соработката по крајот на сезоната, но се чини дека од „втора“ преговорите ќе бидат успешни.
Ѓорче Петров загуби од црногорската Будуќност и српскиот Бор, а ремизираа со Металург Автокоманда на регионалниот турнир во Скопје.
Досега македонскиот клуб имаше пет интернационалки – Санхон Кадиату, Шејла Жоао Ланга, Камара Мацире, Стефани Петрова, Милена Вујисиќ, а доколку се врати Вранчиќ, ќе бидат шест.
Одбраната на титулата, Ѓорче Петров ја започнува со натпревар на домашен терен против Куманово.