Селекторот на женската репрезентација на Шпанија, Амброш Мартин, го објави скратениот список на ракометарки на кои ќе смета за Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Мартин ќе смета на 18 ракометарки, но ќе се потпре на млади сили, откако остана без голманскиот искусен двоец – Зогби Де Паула и Кастеланос.
Го нема ниту квартетот од Рапид Букурешт, па ниту една од колешките на Сара Ристовска – Лара Гонзалес и Алисија Фернандес, а претходно на поширокиот список не се најдоа ниту Аиона Фернандес и Марта Лопес.
Меѓу поискусните се Џенифер Гутиерес, Кармен Кампос и Каба Гасама, додека остатокот од селекцијата се ракометарки што играат во шпанскиот шампионат.
Шпанија ќе игра тест натпревари против Франција и Чешка пред настапот на Европското првенство на кое ќе игра повторно против Франција, како и против Полска и Португалија.