Младост Богданци, еден од најамбициозните клубови во Првата лига, кој јавно го најави нападот на пласман во Супер лигата, продолжува со сериозна екипирање за новата сезона.
Клубот официјално потврди дека левиот бек Стојан Наумовски ќе остане дел од тимот и во сезоната 2025/26.
Наумовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија, во 2021 година беше прогласен за најкорисен играч на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција, што само потврдува за каков квалитет станува збор.
„Неговата посветеност, борбеност и стабилност на теренот го направија незаменлив дел од тимот кој оваа сезона има амбиции за директен пласман во Супер лигата“, стои во соопштението на клубот.
Тимот од Богданци оваа сезона ќе биде предводен од искусниот стратег Горан Андоновски.
Покрај продолжувањето на договорот со Наумовски, Младост веќе ангажираше неколку квалитетни засилувања – Кристијан Костадиновски, Даниел Андоновски, Никола Димитров, Лазар Адамовиќ, Гоце Аргиров и Никита Соколов.