Амбициозниот Атлетик го промовираше составот за новата сезона

Амбициозниот прволигаш Атлетик го промовираше ростерот за претстојната сезона во која ќе се брка пласман во елитната конкуренција.

Тренер на Атлетик е Татјана Хмирова, а меѓу ракометарките има многу актуелни или поранешни кадетски и младински репрезентативки на Македонија.

Покрај во сениорска конкуренција, Атлетик пријави тим и во младинската лига, која сезонава ќе брои само пет екипи.

Во новата Атлетик ќе стартува на 13 септември на гостински терен кај Деспина, а во првото коло на 6/7 септември ќе биде слободен.

Меѓу ракометарките што ќе и бидат на располагање на Хмирова се Матеа Чурлиновска, Михаела Кралева, Исидора Котевска, Моника Босилковска…а повеќе за ростерот, стручниот штаб и менаџментот на клубот може да прочитате во продолжение…