„Амазонките“ означија старт на подготовките

Тимот на Астибо, кој минатата сезона испиша историја со својот прв пласман во плеј-оф фазата од Женската лига, веќе ги започна подготовките за новото првенство.

Штипјанки ќе одиграат серија пријателски натпревари пред официјалниот старт, со цел да ја подигнат формата и да влезат поконкурентно во битката со најдобрите екипи во лигата.

За да ги остварат своите амбиции, клубот донесе неколку значајни засилувања — Климентина Ѓурческа, Мила Филипова, Ангела Петровска, Кристина Младеновска Кузмановска и Хани Чобанова.

Тренерот Дејан Величков и оваа сезона ќе смета на искуството и лидерството на капитенот Марија Анчева, која останува дел од тимот и ќе има важна улога во насочувањето на младите ракометарки.