Алушовски: Притисокот и фаворитската улога се кај Еурофарм Пелистер, ние немаме што да загубиме

Амбициозниот тим на Охрид во рамки од 7. коло од Супер лигата ќе гостува во Битола кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Охриѓани досега победија на сите шест одиграни натпревари и имаат шест од шест и моментално се лидери на табелата.

Тренерот на Охрид, Стевче Алушовски, за 24Ракомет ги сподели своите очекувања за неделниот дуел со пелистерци и фаворитската улога им ја препушти на поискусните.

,,Она што беше зацртано пред почетокот на сезоната беше остварено, триумф на првите шест натпревари, имавме полесен распоред, тие натпревари ги искористивме за една подготовка за најтежкото што не очекува – важните натпревари, тука мислам на првиот натпревар со Еурофарм Пелистер, европскиот натпревар со Турда, па дуелите со Пролет, Вардар, Алкалоид…еден месец во кој имаме многу важни натпревари. Главниот дел од сезоната за нас стартува во недела со натпреварот против Еурофарм Пелистер, кој е фаворит, игра пред домашна публика, ние сме ипа која сме на лидерското место на табелата, но тоа не значи дека сме во некоја предност, бидејќи Еурофарм Пелистер има јак тим, тој е актуелен шампион на Македонија, има голем број репрезентативци од различни држави и го респектираме во целост”, изјави Алушовски.

Стратегот на Охрид истакнува дека фокусираноста и играта во одбраната би биле пресудни на овој натпревар

,,Ние се подготвуваме, го анализираме тимот, се подготвуваме како за секој натпревар, ние имаме наша игра, ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло, доколку е тоа доволно да победиме, ќе победиме, ние немаме што да загубиме, притисокот и фаворитската улога се на страната на Еурофарм Пелистер, пак ќе кажам, ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло, доколку е тоа доволно да изненадиме, зошто да не. Екипата која ќе направи голем број технички грешки нема шанса за победа, пред се, играта во одбрана е она што секој тренер ја практикува, од одбрана брза транзиција и лесни голови, која екипа ќе одигра подобро во одбраната и која екипа ќе има поголема желба за докажување ќе има поголеми шанси за победа. Фокусираноста на играчите, малиот број на технички грешки и желбата за играта во одбрана ќе бидат пресудни на овој натпревар. Еурофарм Пелистер е екипа која игра во ЛШ, но се фаворити на овој натпревар”, вели Алушовски.

Охрид на неколку натпревари ги немаше на располагање Иван Тасевски, Никола Јукиќ и Луцијан Бура, но сите тројца ќе бидат подготвени за соочувањето со битолчани.

,,Имавме мали проблеми на десната бековска позиција, мислам дека ќе бидат подготвени за натпреварот во недела, ќе бидеме во комплетен состав, имаме уште неколку дена, се надевам дека на тренинзите се ќе помине во најдобар ред”, истакна Алушовски.

Голманот на Охрид, Градимир Чаневски, на неколку натпревари имаше двоцифрен број интервенции, а Алушовски истакнува дека за да се добие дерби дуел, потребен е добар голман и добра одбрана.

,,Поединец не можи да добие ваков натпревар, сепак, тимот треба да игра на ниво, за да се надевате на успех на бил кое дерби, нормално дека голманот е половина екипа, но за добар голман потребна е и добра одбрана”, заврши Алушовски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100220
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1270514
6ТИКВЕШ 20141251611
7ПРОЛЕТ1243511
8ПРИЛЕП1242610
9КУМАНОВО123096
10БИСИНОВ Ф. Л.122195
11СТРУГА1220104
12РАДОВИШ1201111

Тасески: Не одиме со „бело знаме“ во Битола