Стефче Алушовски, тренерот на Еурофарм Пелистер беше задоволен од ремто, 28-28 со ГОГ во 12 коло од лигата на шампионите. Македонскиот шампион покажа карактер, иамше негатива, но се врати во игра. Сега останува само теорија дека може да се стигне до разигрувањето,но постои.
„Лошо го отворивме натпреварот, премногу споро и без идеја, со промашени чисти шутеви, а Данците тоа го казнија. Затоа првиот дел беше во знакот на предност за ГОГ. Оној карактер што го покажавме против Висла, сега го надградивме со тактичка дисциплина и повеќе идеја во напад.
Немаме време за драстични промени, одиме од ден во ден и задоволен сум како се менуваат работите. Одлично игравме на нивната игра 7 на 6, каде што други екипи имаа многу проблеми. Користевме многу играчи во ротација, што е позитивно, а од Гаховац добивме многу. Имаме лидер, имаме карактер и оптимист сум за следниот дел од сезоната, изјави Алушовски.
Македонскиот тим има да игра уште две кола, и ќе мора да победи, но и да чека услуга од другите. Теорија постои.
„Додека има теорија, ќе се бориме. Жал ми е за натпреварот со Висла, бидејќи во првото полувреме не бевме вистински – бевме во грч и подолг период не бевме заедно како тим. Ова беше далеку подобар натпревар и им честитам на момците за се што покажаа. Ни претстои макотрпна работа, вели Алушовски..

























